Стабилна состојбата со африканска свинска чума во с.Град каде во одгледувалиште беше утврдено присуство на вирусот

Состојбата со болеста африканска чума кај свињите која неодамна беше потврдена на индивидуално одгледувалиште во делчевското село Град е стабилна, информираа од Агенцијата за храна и ветеринарство. Во моментот како што се вели во информацијата оттаму нема нови жаришта.

-На последното жариште, каде беше евидентирано угинување на една единка кај која лобораториски беше потврдена болеста, спроведена е депопулација, чистење и дезинфекција, со тоа што на ова одгледувалиште еутаназирани се 21 свиња од различни категории, и формираа од АХВ. З

Заштитните и контролните мерки како што додадоа се уште се на сила во воспоставените зони од 3 км (заштитна зона) и 10 км (зона под надзор) и се однесуваат само на последниот потврден случај.

Претходно воспоставените рестриктивни зони од 3 и 10 километри околу 15 жаришта на болеста во земјава беа укинати на 17 октомври годинава. 

Во 2023 година болеста африканска чума кај свињите потврдена е на 16 одгледувалишта  Република Северна Македонија. Угинати се 266 свињи, а еутаназирани се вкупно 9204 единки. Нештетно се отстранети вкупно 9570 свињи ( угинати и еутаназирани).

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*