,,Биди нечиј Дедо Мраз” – волонтерски викенд во Делчево

Под мотото ,,Биди нечиј Дедо Мраз”, клубот за Артивизам од Делчево,  викендов организира волонтерска акција за собирање топла облека за децата од ранливите категории на возраст од 6 до 14 години. Локалниот координатор на активноста Мејрема Мемедова, на денешната прес конференција информираше дека акцијата ќе се спроведе во деновите петок, сабота и недела.

-Упатуваме покана до граѓаните кои се во можност да се придружат кон овој волонтерски викенд кој е наменет за децата од ранливите категории на возраст од 6 до 14 години. Во рамки на акцијата ќе се собира топла облека (јакни, шалови, капи, ќебиња) кои се во добра состојба, а може да се донираат и нови. Ги замолуваме граѓаните да се држат до нашите насоки и да донираат ,,од срце” за децата од нашата општина. Да ги стоплиме детските срца за Новата Година, истакна Мемедова.

Тренерот во Клубот за артивизам, Теона Златковска додаде дека акцијата ќе се одвива на три различни локации во Делчево.

-На 01.12.2023 (петок) собирниот пункт ќе биде пред  ПАБ Делчево, на 02.12.2023 (сабота) пред Градскиот пазар во Делчево, додека на 03.12.2023 (недела) собирен пункт ќе имаме пред Трговски Центар ПЕЛА. Акциите ќе се реализираат од 11 до 15 часот, додаде Златковска.

Во Клубот за артивизам како што додаде Ана Ивановска членуваат младинци од гимназијата Методи Митевски Брицо, а истиот е формиран како дел од програмата за работа на Младинскиот образовен форум.

Во рамки на клубовите за Артивизам на МОФ членовите добиваат можност своите знаења да ги користат за креирање на локални настани и акции на теми од младински и општествен интерес, а во моментов освен во Делчево постојат уште неколку клубови за Артивизам во државата, кои редовно учествуваат во создавањето дела, акции и кампањи.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*