Библиотеката ,,Кочо Рацин” од Пехчево го реализираше настанот “И ти си ист/иста како мене”

Во 1992 година од страна на Обединетите нации 3 Декември беше прогласен како Меѓународен ден на лицата со посебни потреби. Целта на овој ден е да се зголеми свеста за подобро разбирање на луѓето кои се засегнати од некаков хендикеп.

Во пресрет на 3 Декември во библиотеката ,,Кочо Рацин” во Пехчево се одржа литературна- ликовна работилница под мотото: “И ти си ист/иста како мене” .

На настанот учествуваа учениците од ПОУ с. Панчарево од прво и петто одделение под менторство на наставничката Оливера Кратевска, како и учениците од IV и VI одделение при ООУ” Ванчо Китанов”.

Се глумеше, се рецитираше, се пееше и црташе од страна на дечињата од с. Панчарево, додека учениците од VI одделение пишуваа на тема “И ти си ист/ иста како мене” и цртаа, како и учениците од IV одделение. За нивниот креативен труд добија новогодишни пакетчиња од страна на директорката на библиотеката. Прекрасно попладневно дружење поминавме заедно, истакна директорката Габриела Костадиновска.

За повеќе фотографии од самиот настан кликнете на фотографијата подолу:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*