Заврши инсталирањето на дел од енергетско-ефикасните светилки во Делчево

Заврши инсталирањето на дел од енергетско-ефикасните светилки и новите канделабри во градскиот парк.

Според најавите на изведувачот, градскиот парк ќе има комплетно енергетски ефикасно осветлување на почетокот од идната недела, кога ќе бидат поставени и инсталирани сите планирани 138 енергетско-ефикасни светилки.

Со поставувањето на овие светилки значително ќе се подобри енергетската ефикасност и заштедата на енергија во централното градско подрачје, а значително ќе се влијае и во заштитата на животната средина.

Согласно со проектот, освен поставување 138 нови лед-диодни рефлектори и поставување 10 нови канделбари, ќе се постават и 4 клупи и лед-диодни рефлектори за летната сцена во градскиот парк АСНОМ.

Проектот е финансиски поддржан од Мрежата за рурален развој на Македонија преку Проектот за поддршка на заедницата УСАИД. Вкупната вредност на проектот е околу 2.500.000 денари.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*