Нови донации од Фондација САСА за локалната заедница

Во рамки на својата континуирана поддршка на локалната заедница, Рудник САСА преку својата Фондација за одржлив развој, реализираше донации во три области кои се идентификувани како  особено  значајни  за животот и  просперитетот   на  целата заедница. 

Првата донација придонесува за животната средина и се состои од различни видови листопадни   и  зимзелени   дрва   кои   ќе   бидат   засадени  на   осум   локации   ширум Македонска  Каменица.  Изборот   на   точните   локации,  подготовката   на   теренот   и засадувањето на дрвата како што информираа од САСА ќе го извршат екипите од јавното комунално   претпријатие „Камена река“. 

Ова како што истакнаа од САСА не е прва донација во областа на заштитата на животната средина. 

-Рудникот   САСА   и   Фондацијата   САСА   континуирано   инвестираат   во   пошумување   на територијата на општина Македонска Каменица. Исто така, донирани се книги кои ќе придонесат за збогатување на книжевниот фонд на градската библиотека „Крсте Петков Мисирков“ во Македонска Каменица. Најновата донација од Рудник САСА и Фондација САСА се состои од нови книги со кои вкупниот книжевен   фонд   во   оваа   библиотека   ќе   надмине   над   14.000   изданија,   наменети   за читателите од сите возрасти, се вели во информацијата од Рудник САСА.

Со третата донација која е во областа на заштитата и афирмацијата на културното наследство, Фондацијата САСА обезбеди и нови комплети машки и женски народни носии за членовите на културно-уметничко друштво „Вера Јоциќ“ од Македонска Каменица. 

Рудникот САСА, преку својата Фондација  како што најавија и понатаму ќе продолжи  да вложува во различни области кои се значајни за локалната заедница и го унапредуваат квалитетот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*