,,Секој е посебен на свој начин” – ЈЛБ ,,Илинден” во чест на Светскиот ден на лица со попреченост

Објава на ЈЛБ ,,Илинден”:

Под мотото „Секој е посебен на свој начин“, ЈЛБ„Илинден“ заедно со првооделенците од ООУ„Ванчо Прке“-Делчево, денес го одбележува 3 – ти декември, меѓународниот ден на лицата со посебни потреби.
Можеби некои луѓе имаат физички или ментални недостатоци, но ниеден недостаток не ги спречува да бидат прекрасни човечки суштества. И тие имаат чувства и можат да бидат повредени.
Погрижи се да НЕ бидеш токму ТИ оној кој ќе ги повреди!

Во чест на меѓународниот ден на лицата со попреченост, првооделенците од ООУ„Ванчо Прке“ во градскиот парк пред библиотеката пуштија кон небесната шир балони во различна боја, а секој балон со себе носеше и порака во чест на денот.

  • ДА БИДЕМЕ ДРУГАРИ, ИСТИ СМЕ!
  • НЕ ПАРКИРАЈ НА ПАРКИНГ НАМЕНЕТ ЗА ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ!
  • ЛИЦАТА СО ХЕНДИКЕП НЕ СЕ БОЛНИ И НЕ МОЖАТ ДА ТЕ ЗАРАЗАТ.
  • ЗАЕДНО МОЖЕМЕ ДА ИЗГРАДИМЕ ПОДОБРО ОПШТЕСТВО ЗА СИТЕ!
    -УБАВИНАТА Е ВО РАЗЛИЧНОСТА.
    Ова се само дел од пораките кои дечињата ги упатија кон целиот свет.
    Веднаш потоа дечињата ја посетија ликовната работилница во организација на стручниот соработник за визуелни уметности и дизајн, Александар Белогаски од ликовното атеље „Љубомир Белогаски„ при НУЦК „Н.Ј.Вапцаров“.
  • Дечињата од прво одделение, се мали за да можат вистински да разберат каков ден одбележуваме денес, значењето и потребата од него, но ЈЛБ„Илинден“, пред нив прочита текст упатен до сите оние кои се соочуваат во ваков проблем.
    „Некои деца не се враќаат на училиште, затоа што никогаш и не ни заминале. Некои деца никогаш не заминале на одмор и не се спуштиле на топоган, зошто цела година мораат да се едуцираат. Некои деца имаат хендикеп, видлив или не видлив за нас, кој бара да одат на терапија а не на семејни патувања.Тие зависат од училиштата и центрите за да научат да јадат, одат и зборуваат.Посебните потреби значат дека некои деца ги пропуштаат „нормалните“ важни моменти, држат табла со натпис за да му кажат на светот кое одделение се или што сакаат да бидат кога ќе пораснат.
    Но нивните родители и тие дечиња не сакаат да бидат сожалувани.Тие сакаат да бидат вклучени. Тие само сакаат светот да ги знае нивните важни моменти.
    До секое дете што го поминува летото во соба со работен терапевт учејќи како да држи лажица или за прв пат пробува парче овошје.
    До секој родител кој прелистува на социјалните мрежи и гледа семејства кои се шлапкаа и сончаат, додека тие ги бањаат нивните пораснати деца…
    До секој едукатор и терапевт кој го поминува летото далеку од своите деца, за да се грижат за други деца…
    Сите вие сте ХЕРОИ!“

Во рамки на деновите на хуманоста, во понеделник ќе се одржи настан под мотото “Се движиме безбедно”.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*