Убедлива победа на пионерките на РК Делчево над ЖРК ,,Металург” Автокоманда

Победа на пионерките на РК Делчево на денешниот натпревар против екипата на ЖРК Металург Автокоманда од Велес со резултат 28:12(15-06).

Ова за пионерките беше последен натпревар во есенскиот дел, кој екипата од Делчево го завршува како второпласирана со само еден пораз и шест победи.

За одбележување е тоа што делчевчанки имаат најмногу дадени вкупно 200 голови и најмалку примени 80 голови во нашата група со сооднос +120 голови.

Видео од денешниот натпревар

Ова на екипата и дава за право напролет да влезе во трка за првото место и влез во четирите најдобри во државата.

Да ги информираме љубителите на ракометот дека утре (03.12.2023, недела) со почеток во 15.00 часот, нашите кадетки ќе ги пречекаат своите врснички од Гевгелија.

Од клубот уште еднаш изразија голема благодарност до многубројната публика која и денес беше осмиот играч за домашната екипа.

-Ве покануваме утре на уште едно дружење со ракометот во Спортската сала М. М. Брицо. Напред РК Делчево!!!, се вели во објавата на клубот од Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*