,,По патот на великанот Гоце Делчев во село Ветрен” – Планинарски марш на ПСК ,,Голак” Делчево

Објава на ПСК ,,Голак” Делчево

Членови на ПСК ГОЛАК Делчево,по убаво време од +8 до +16 Целзиусови степени,со средна видливост,и релативно умерено време,направивме една кружна планинарска акција,по која на дел од маршутата поминувал ГЛАВНИОТ ТАЕН КАНАЛ по кој македонскиот револуционер ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ,од БУГАРИЈА кон тогашна МАКЕДОНИЈА во ОТОМАНСКОТО ЦАРСТВО,преку селото ВЕТРЕН (Делчевско) ги оранизирал сите револуционерни активности,но исто така и се движел.Поминавме до самата граница со Р.БУГАРИЈА,од каде поминувал стариот граничен премин ЦРНА СКАЛА,исто така поминавме 3 врва (ПЕТРОВЕЦ 1000 м.н.в. ЕЛЕНИН ВРВ 962 м.н.в. ВОЛЧА ГЛАВА 872 м.н.в.) сместени на ОСОГОВСКИТЕ ПЛАНИНИ во атарот на село ВЕТРЕН (Делчевско).
Патеката е со следната маршута : Град ДЕЛЧЕВО 595 м.н.в. – МИЛКОВО БРДО 650 м.н.в. – ЗАЈАЧКА РИДИНА 940 м.н.в. – ВРВ ПЕТРОВЕЦ 1000 м.н.в. – ЕЛЕНИН ВРВ 962 м.н.в. – ВРВ ВОЛЧА ГЛАВА 872 м.н.в. – Маала ЦРКВЕНЕЦ (село ВЕТРЕН) 670 м.н.в. – Село Полето 640 м.н.в. – Град ДЕЛЧЕВО 595 м.н.в. во вкупна должина од 19 км.

На врвчето ВОЛЧА ГЛАВА 872 м.н.в. сеуште се наоѓаат рушевини од некогашниот воен пункт,кај народот познат под името ШТАБО,кој бил изграден во периодот по 1878 година,од каде има целосен преглед како кон град ДЕЛЧЕВО,така и на целиот долен дел од ПИЈАНЕЧКА (ДЕЛЧЕВСКА) КОТЛИНА.
Помеѓу ТУРЧИНСКА и ПЕТРОВСКА маала,сеуште постои стариот пат преку кој поминувал ТАЈНИОТ КАНАЛ на македонскиот ревулуционер ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ,од каде потоа се разгранувале КОЧАНСКИОТ,ВИНИЧКИОТ,МАЛЕШЕВСКИОТ и РАДОВИШКИОТ КАНАЛ.Во селото било сместен главниот штаб на ДЕДО ИЉО МАЛЕШЕВСКИ,од каде биле кординирани сите наредби.
Село ВЕТРЕН во времето на ОТОМАНСКАТА ИМПЕРИЈА,било едно село,додека по распадот на ОТОМАСКОТО ЦАРСТВО во 1912 година,било поделено на еден дел во МАКЕДОНИЈА додека друг дел во Р,БУГАРИЈА.
Голема благодарност до чичо ЈОРДАН ПЕТРОВСКИ – воен МАЈОР во пензија (во поранешната јуословенска народна армија,потоа и во македонската армија),за преубавите информации.
ЕДЕН ПРЕУБАВО ПОМИНАТ ПОЗИТИВЕН ДЕН СО МАКСИМАЛНО ПОЗИТИВНИ ПЛАНИНАРИ. 😃 (Y)

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*