Извршена дератизација на градската канализација

Во текот на утринските часови во Делчево беше извршена дератизација на градската канализациска мрежа. Дератизацијата ја вршеа стручни екипи од ЈЗУ Центар за јавно здравје, Кочани, ПЕ Делчево во соработка со претставници од ЈКП „Брегалница“ и овластени лица од Одделението за инспекциски надзор при Општина Делчево.

Според предвидените параметри, за успешно справување со овој тип преносители на заразни заболувања, третирани се над 80 канализациски шахти и градската депонија со 40 кг. средство „Бродисан“ во вид на гранули и коцки за неутрализирање на преносителите, глувци и други глодари кои се потенцијални преностители на вектор заразни заболувања.

Оваа мерка е согласно со Програмата за заштита на населението од заразни и други заболувања и се спроведува редовно, најмалку еднаш годишно на територијата на градот Делчево. Главна цел на дератизацијата е да се намали популацијата на глодарите кои, освен што се преносители на заразни болести, во потрагата по храна можат да предизвикаат оштетувања на разни видови инсталации, како телекомуникациски, водоводни, но и штети во домовите.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*