Лицата со посебни потреби –безбедни учесници во сообраќајот

Во рамките на активностите предвидени за кампањата „Денови на хуманост-дарувај со љубов“, а по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост, во Дневниот центар за лица со посебни потреби во Делчево, се учеше како тие да бидат безбедни учесници во сообраќајот додека се движат по улиците.

Работилницата за унапредување на безбедноста на пешаците со посебен акцент на лицата со попреченост е во рамките на актуелната кампања „Се движиме безбедно“ на Општина Делчево и Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Делчево во соработка со ОВР Делчево.

Преку работилницата, корисниците на Дневниот центар преку едукативно предавање беа запознати со сообраќајната инфраструктура, правилата и прописите во сообраќајот кои, главно, се однесуваат на пешаците, сообраќајната регулација, опасни ситуации итн. Исто така, во делот на регулирањето на сообраќајот, со дидактички средства и преку игра, се запознаваа со сообраќајните знаци коишто се однесуваат на пешаците. Исто така, на работилницата беа емитувани и видеоспотови со цел безбедно учество во сообраќајот.

„Денови на хуманост-дарувај со љубов“ се спроведува 6-та година по ред под покровителство на Општина Делчево и во партнерство со локалните институции: основните и средното училиште, детската градинка, НУЦК „Н.Ј.Вапцаров“, ЈЛБ „Илинден“, Дневниот центар за лица со посебни потреби од Делчево, НВО „Бравура кооператива“ и Клубот ИНТЕГРА. Целта на активностите е будење на филантропијата и општествената одговорност и подигање на свеста за лицата со попреченост и нивното место во општеството.

За таа цел во ЈЛБ „Илинден“ е отворен саем на книгата на издавачката куќа „Матица“.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*