Во Пехчево одржан прв состанок на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво

На 4.12.2023г. во просториите на Општина Пехчево со почеток во 13:00 се одржа првиот состанок на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво. На состанокот присуствуваа: Претставник од Советот на родители од ОСУ „Ацо Русковски“ – Берово, дисперзирани паралелки Пехчево, претставник од Бирото за јавна безбедност – Сектор за внатрешни работи Штип – Одделение за внатрешни работи Берово ПС ОН Берово и претставник од Јавната установа Центар за социјална работа – Берово – Канцеларија за материјални давања – Пехчево. Од вкупно 5 претставници на состанокот беа присутни 3 лица.
На првата конститутивна седница на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво беше избран претседател на Советот, беше разгледан и усвоен Деловникот за работа на Советот и беа дадени предлог – активности за изготвување на Програмата за работа на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво на Општина Пехчево за 2024 година.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*