„Денови на хуманост-дарувај со љубов“ – Изложба на декорации во Клубот ИНТЕГРА

Стотина украсни свеќи, најразлични рачни изработки и украси, изработени од лицата со попреченост, обединети во Клубот за рехабилитација и реинтеграција ИНТЕГРА, беа изложени денеска во просториите на Клубот како дел од завршните активности на кампањата „Денови на хуманост-дарувај со љубов“.

Ми претставува задоволство што денеска промовираме дел од резултатите од новата социјална услуга која е директно насочена кон лицата со попреченост. Овој Клуб ИНТЕГРА обезбедува рехабилитација и реинтеграција на лица со попреченост преку психосоцијална поддршка, терапевтска работа, работно-окупациона терапија, поддршка за стекнување работни вештини и вештини за вработување, реинтеграција и самостојно живеење. Ме радува фактот што токму овие лица создаваат дела, но пред сè, од придобивките кои ќе произлезат од процесот на интеграција на овие лица во секој аспект на политичкиот, социјалниот, економскиот и културниот живот заедницата. Очигледно е задоволството кај корисниците, интересот кој е на високо ниво и мотивираноста. Па, јас им посакувам успешна работа, а Општината ќе биде секогаш нивен партнер од доверба и поддршка за нивната работа и промоција.

Во услугата се мапирани 12 корисници над 18 години, од кои 9 лица се вклучени во редовни дневни активности, а другите поради одредени околности во моментот не се дел од услугата. Лицата ќе развиваат работни вештини кои ќе им послужат за нивно работно интегрирање.

Ова е, всушност, почеток на еден вид социјално претприемништво кој започнува во Делчевo, нагласи одговорното лице во Дневниот центар, Александар Николов.

  • Воведувањето на новата социјална услуга за лица со попреченост е добра практика која овозможува поголема интеграција на овие лица во општеството. Набавена е опрема, сито- печат, модели за изработка на восочни свеќи, модли за гипсени производи, опрема за сечење и бигување хартија за изработка на хартиени ќесиња, машина за ШИЕЊЕ оверллок, фотокопир во боја, спортско- рекреативна опрема , компјутери, а паралелно се набавуваат репроматеријали, истакна Николов.

Клубот се реализира преку Проектот за подобрување на социјалните услуги финансиран од МТСП во висина од 2, 4 милиони денари со поддршка на Општина Делчево, а го имплементира Здружението на граѓани „Бравура кооператива“.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*