ЈЛБ ,,Илинден” ги додели наградите од Литературниот натпревар по изразно читање

За прв пат во Делчево, во организација на ЈЛБ„Илинден“-Делчево, а во соработка со двете основни училишта во градот, се организира натпревар по изразно литературно читање.

Право на учество имаа учениците од осмо и деветто одделение. Селекцијата ја направија наставниците по македонски јазик од двете основни училишта во градот, од ООУ„Ванчо Прке“ се натпреваруваа пет ученици, а од ООУ„Св.Климент Охридски“ четири ученици.

Сите читаа прекрасен текст изваден од читанка издадена 1984 година.

Комисијата во состав Билјана Стоиловска,наставник по македонски јазик при ООУ„Ванчо Прке“, Валентина Даневска, библиотекар и наставник по македонски јазик при ООУ„Св.Климент Охридски“ и Биљана Петровска, директор на ЈЛБ„Илинден“, за најдобри ги избраа следните ученици:

Трето место за Ива Велкова
Второ место за Ања Даневска
Прво место за Клаудија Иванова

Честитки и до наградените и до сите натпреварувачи, од библиотеката сите добија благодарници за учество.

Читањето претставува вештина, која е неопходна за опстанокот на човекот во современиот свет. Таа вештина не е последица на биолошкиот, туку на културниот развој на човекот. Токму од тие причини, совладувањето на читањето е најважната задача на учениците во школувањето, чие совладување им отвара патишта за понатамошните различни учења.

Следниот натпревар кој ЈЛБ„Илинден“ заедно со двете основни училишта во градот ќе го организира по нова година, ќе биде натпревар во најдобра рецитација.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*