Сточарството во Малешевијата исправено пред големи предизвици

Сточарите од Малешевијата и годинава се собраа на заедничка вечер на која разменија мислењата за годината која измина, но и поставија нови цели за 2024 година. Организатор на третата по ред Сточарска вечер беше познатата земјоделка Вангелина Пармачка која е носител на земјоделско стопанство, членка на Националната федерација на фармери, како и дел од управниот одбор и дел од потсекторската група во министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во групата на производители од животинско потекло.

Давајки оценка за изминатата 2023 година Пармачка посочи поради врнежливата пролет годината била малку потешка од вообичаено.

-Јас сум земјоделка носител на земјоделско стопанство, а воедно со сопругот и главни организатори на оваа традиционална сточарска вечер која се одржува трета година по ред. На нас многу ни е мило што вечерва салата е полна има расположение има земјоделци. Можам да кажам 2023 година беше малку тешка година, затоа како што знаеме пролетта беше многу врнежлива, па дел од земјоделците не можеа да си го планираат своето произведено производство. Како и секогаш досега продолжуваме понатаму, како членка на Федерација на фармери директно од терен ги собираме резултатите и ги пренесуваме директно во земјоделието. Во Националната федерација на фармери ги детектираме недостатоците, програмите кои треба да се прошират и поддржат затоа што земјоделието е една од најтешките гранки, истакна Пармачка.

Фокусот за нареднатс година останува на проширување и поддршка на сите земјоделци, со акцент на жените земјоделки.

-Во таа насока на нас земјоделците овде во салата и пошироко во државата, многу ни е мило што се препознава земјоделскиот труд, што се препознава домашното производство, затоа што секој сака да вкуси домашно, дали од нива, дали домашно сирење, буквално домашни производи кои народот ги препознава и ги бара затоа што домашното, прво е поздраво, второ е вкусно и квалитетно за разлика од куповното, додаде Пармачка.

Како актуелен сопственик на Млекарата Берово, Благој Механџиски Зегин истакна дека ваквите средби претставуваат момент кога треба да се даде поддршка за враќање на сточарството на нивото кое го имало пред повеќе од 15 години.

-Јас кога ја земав млекарата пред 20 години дневно откупувавме и по 15 до 20 илјади литри млеко. Сега нема 10 илјади на сиот Малешевски крај, затоа не сум среќен, бидејки ние се направивме да сточарството го уништиме. Малешевските планини, полиња и ниви жалат за сточниот фонд кој отиде во непознати правци. Затоа апелирам до сите да знаат едно дека цената на млечниот производ е еднаква во странство и тука, затоа да се вратат на истите сточни позиции кои ги имаше Малешевијата, рече Механџиски.

Се потсети на поодамнешните времиња кога во неговото родно село се откупувале јагниес колку сегс во целиот источен регион

-Се сеќавам во 1953 година кога бев прво одделение, моето село Русиново даде за една година 15 илјади јагниња, а сега ние немаме толку во целиот источен регион.
Затоа овој терен овој бренд Малешевски на млечни производи треба да го повратиме и да дадеме поддршка и не само вака да се собираме туку да им дадеме поддршка на тие кои се уште останаа, а и тие што ги нема да се повратат. Едноставно сакам да им дадам поддршка, сакам да ги храбрам, Малешевијата да ја возвратиме со својот малешевски производ кој беше познат секаде, додаде Механџиски.

За жал сточниот фонд како што вели Никола Пандурски од с.Црник Пехчевско од година во година се намалува.

-Околу мене имаше 1000 овци останав уште јас со 250, некои ги продадоа, некои починаа, некои по Швајцарија избегаа останав уште јас. Како и секоја година кукаме кажуваме, но нема кој да ти обрне внимание тежок семен бизнис, за да опстанеш тежок бизнис вели Пандурски.

Тој е задоволен што годинава била добра особено за продажбата на јагниња.

-Јас сум инаку одгледувач на овци, имам околу 250, две крави, сбињи за свои потреби чувам, кучиња имам 13, тоа е од стока што чувам. Оваа година може да се вброи малку како подобра, со јагнињата поминавме подобро, 200 денари имавме цена, сирењето е добро, тоа не одржува во живот, малку паднаа цените на сточната храна, кабаста храна си обезбедувам од сопствени извори, вели Пандурски.

Проблем за сточарите годинава се дивите свињи поради кои им ја уништуваат сеидбата по полињата од која обезбедува храна за стоката.

Сточарската вечер која се организира трета година по ред во село Смојмирово заврши со заедничка веселба на присутните и доделување награди во рамки на Лотаријата подготвена за сите присутни.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*