Трајковски: Нови 15,7 милиони за инфраструктурни проекти во Делчево

Со средства од Буџетот на државата за 2023 година во делот за капитални дотации, во Делчево ќе се реализираат три инфраструктурни проекти. Вредноста на проектите е 15,7 милиони денари, а согласно со поднесените апликации од Општина Делчево, ќе се градат следните улици во Делчево:

Изградба на улица „ 3“, „5“и „6“ во населба „Пролет“, во должина од 510 м, со вредност од 9.225.000 денари, изградба на краци на улица „Орце Николов“ во должина од 300м, со вредност од 3.640.000 денари
изградба на дел од улица- булевар „Македонија“ во должина од 141м во вредност од 2.878.000 денари. Со реализацијата на овој инфраструктурен проект ќе се поврзе улицата-булевар„Македонија“ со ул „Пере Тошев“.

Реализацијата на овие инфраструктурни проекти е одговор на барањата на жителите од три населби во градот и доказ за посветената работа и инвестиција во урбано и модерно Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*