Започнаа активностите за изградба на улично осветлување на улица ,,Индустриска”, во Берово

Во рамките на активностите на Општина Берово од Програмата за улично осветлување, започна изградбата на улично осветлување на улица ,,Индустриска”, во Берово.

Со ставање во функција на уличното осветлување на улица ,,Индустриска”, во Берово, се зголемува безбедноста на жителите, кои често ја користат оваа дестинација за вечерни прошетки и се решава проблемот на жителите кои живеат во овој дел од градот, при што добиваат соодветна комунална инфраструктура.

Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски изрази благодарност до општествено одговорна компанија СТОКОМАК, за поддршката во обезбедувањето на челични столбови.

За изградба на улично осветлување на улица ,,Индустриска”, во Берово, од Буџетот на Општина Берово за 2023 година, ќе бидат потрошени 435.100,00 денари.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*