Празнична магија во гимназијата ,,М.М.Брицо” во Делчево

Објава на СОУ ,,М.М.Брицо”

Пред нас се новогодишните и божиќните празници со кои еуфорично ќе се збогуваме со годината која изминува и ќе ја дочекаме новата. Новогодишното украсување ја поттикнува празничната магија и придонесува кон подобро расположение.

Затоа учениците од нашето училиште ја разбудија креативноста во себе и започнаа со изработка на новогодишни украси. Учениците од текстилната струка под менторство на нивните професорки, изработија новогодишни украси и ги поставија на влезот од училиштето.

Со прехранбени продукти, учениците од хемиско-технолошката струка прехранбен техничар и од ликовниот клуб, изработуваат новогодишни украси кои во организација на Ученичката заедница на 27-ми и 28-ми декември ќе бидат изложени на традиционалниот новогодишен базар.

Им посакуваме дотогаш сите нивни замисли за креации да ги преточат во дела, а ние да го посетиме базарот и да ја пренесеме празничната магија во нашите домови со изработките на нашите вредни и креативни ученици, се вели во објавата на СОУ ,,М.М.Брицо”.

За повеќе податоци кликнете на фотографијата подолу:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*