Со донација од ,,Брегал ДОО”, ТППЕ Делчево ќе врши рана детекција на пожари

Со цел подобрување на капацитетите на Територијалната противпожарна единица од Делчево во делот на рана детекција и навремени интервенции при појава на пожари, денес компанијата БРЕГАЛ ДОО донираше нов дрон на делчевската противпожарна единица.

Дронот на пожарникарите им беше предаден од страна на вработени во компанијата, кои на пожарникарите им посакаа истиот ,,помалку” да го користат, со надеж дека ќе им биде од огромна корист во случаите кога ќе имаат потреба од негово користење.

Од ТППЕ Делчево се заблагодарија за донацијата напоменувајки дека БРЕГАЛ ДОО и во минатото со други свои донации, било парични или во нагледни средства е пример како треба да се гради општествената одговорност во заедницата.

Кога сме кај БРЕГАЛ ДОО Делчево, денес вработени во компанијата донираа новогодишни украси за деветолетката Св.Кирил и Методиј во М.Каменица, училиште, кое блесна во празничен сјај.

Посакувајки им безброј успеси во иднина на професионален план, од училиштето истакнаа дека насмевките и радоста на нивните ученици, ја докажуваат среќата и задоволството кон нивниот гест.

На крај од настанот ООУ. Св. Кирил и Методиј додели благодарница на Брегал ДОО – Делчево, за ова хумано дело во пресрет на Новогодишните празници.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*