Работилница “Како да го направиме светот поубаво место за живеење” во Пехчево

“Како да го направиме светот поубаво место за живеење” – беше темата на денешната работилница која во просториите на библиотеката ,,Кочо Рацин” во Пехчево се реализираше со учениците од VIII одделение под менторство на наставничката по француски јазик Магдалена Симовска.

-Учениците имаа за цел да ги истакнат актуелните проблеми во светот,секој од нивен аспект. А потоа да направат хартиени тегли од украси и зборови напишани на француски и македонски јазик со желба за еден поубав свет гледан низ призмата на нивните очи. Благодарност до наставничката Магдалена и нивните ученици за досегашната соработка со библиотеката ” Кочо Рацин”, истакнаа во објавата на библиотеката од Пехчево.

За повеќе инфо кликнете на фотографијата подолу:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*