НУЦК ,,Н.Ј.Вапцаров” ја реализираше манифестацијата ,,Вапцарови Бранувања 2023″

Во организација на Националната установа Центар за култура ,,Никола Јонков Вапцаров”, со двојна програма во Делчево се одржа годинешната литературно-поетска манифестација „Вапцарови бранувања 2023“.

Во рамки на првиот дел од манифестацијата која годинава е поделена во три дела, се одржа промоција на книгите „Радио“ и „Неправилен ритам“ од Љупчо Јолевски, а беа доделени наградите од литературниот конкурс во чест на Вапцаров.

Добитниците на наградите ќе го посетат гробот на Вапцаров и музејот во Банско, Р.Бугарија, со што како трет дел ќе бидат заокружени Вапцаровите бранувања.

Гран При наградата во рамки на литературниот конкурс годинава директорот на установата Љупчо Петровски и ја врачи на поетесата Габриела Костадинова од Пехчево.

Наградени уште беа и:
Во категорија до IX одделение
1 место – Јована Петровска
2 место – Андреа Митева
3 место – Маринела Захариева

Во категорија на возрасни
1 место – Ева Ивановска
2 место – Андреа Димитровска
3 место – Сара Ангелова
3 место – Искра Георгиевска

Во рамки на промоцијата на книгите „Радио“ и „Неправилен ритам“ од Љупчо Јолевски, осврт на неговото творештво даде писателот Дејан Трајковски, а пред присутните своја изведба имаа и уметниците Дејан Спасовиќ и Добрила Грашевска.

Манифестацијата Вапцарови Бранувања која е посветена на големиот поет Никола Јонков Вапцаров е проект на литературно-трибинската дејност при НУЦК ,,Н.Ј.Вапцаров” поддржан од Министерството за култура.

Видео од целиот настан ТУКА

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*