Во Делчево одржана едукативна работилница за „Одржливо управување со растителните остатоци во земјоделието“

Во Делчево одржана едукативна работилница за справување со палењето стрништа и растителниот отпад како дел од проектот „Одржливо управување с растителните остатоци во земјоделието“. Работилницата е во организација на здружението ,,Јавор” од Зрновци, а целта е сите активни чинители меѓу кои земјоделци, здруженија, инспекторати и луѓе кои се занимаваат со земјоделство или имаат земјоделско домаќинство да ги видат начините за справувањето со проблемите од типот на палење стрништа и дправување со растителниот отпад.

-Целта е да видиме како тој отпад наместо да се пали да се искористи за греење и други суровини и биомаси кои ќе бидат од корист на жителите од регионот. Проектот се спроведува во повеќе општини од регионот,  крајна цел е да произлезат препораки кои ќе бидат пренесени до надлежните, да не бидат само казни туку да креираме европски вредности, да се справуваме со растителниот отпад, при што ќе допринесеме за почист амбиентален воздух и чиста животна средина, истакна учесникот во проектот Зоран Биковски.

Потсетувајки се на пожарите од пред неколку години и последиците по целиот регион од истите, како и неможноста да се купуваат дрва од шумско стопанство, загадените води и другите штети по животната средина кои се случуваат по горењето, препораката како што додаде Биковски е поголема ангажираност на чинителите за паметно искористување на растителните отпадоци.

Екологистот Ѓоко Зороски кој ја имаше експертската улога на денешната работилница рече дека проектот е замислен да се реализира во шест различни градови.

-Денес го слушаме мислењето на делчевци, а потоа ќе подготвиме предлози за да направиме некои измени во подзаконските регулативи во врска со ова палење на остатоците од земјоделското производство. Во минатото немаше многу пожари  но во изминатите години многу неконтролирано се случува тоа, рече Зороски.

Во Брегалничкиот регион вакви работилници досега се реализирани во Пробиштип и Делчево, а истите ќе продолжат и во Пехчево, Виница, Св.Николе и Кочани.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*