В сабота започнува Новогодишниот базар во Градскиот парк во Делчево

Во рамки на новогодишната програма организирана од страна на Општина Делчево во градскиот парк од сабота 23.12.2023 година започнува новогодишниот базар во кој локални стопанственици ќе вршат трговска дејност преку која ќе ги претстават сопствените домашно произведени производи.

Забавната програма во која неколку диџеји и бендови ќе се погрижат во позитивна атмосфера и добро расположение да ја дочекеме новата 2024 година ќе се одржи на 28, 29 и 30 декември. Ве очекуваме!, се вели во информацијата од Општина Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*