Сообраќајка кај пехчевско Панчарево, се вози по заледени коловози долж Пијанец

Поради сообраќајка на патот Делчево – Пехчево кај селото Панчарево сообраќајна полиција го насочува сообраќајот на регионалниот пат Делчево – Берово – Пехчево каде се вози по заледен коловоз и има излетување на возило на патот. 

Во сообраќајката според информации од Здравствен дон Пехчево нема повредени лица, а во истата увид вршат екипи на полицијата.

Оттаму апелираа на крајно претпазливо возење и почитување на сообраќајната сигнализација.

Поради заледениот дожд и лизгавост на коловозите, утрово оштетени се и неколку возила во Делчево

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*