Чествување по повод 117 годишнината од смртта на Даме Груев

Во беровско Русиново денес се одржа чествување по повод 117 годишнината од смртта на македонскиот илинденски великан и еден од најистакнатите членови на Македонската револуционерна организација, Даме Груев. Во рамки на настанот во центарот на село Русиново, беше прочитан реферат за животот и делото на Груев, а беше положено и свежо цвеќе пред неговиот споменик.

-Споменот за Даме Груев е вечен, неговиот лик и дело се гордост и затоа денес беше положено цвеќе пред бистата на Даме Груев, 

Водејќи се од девизата ,,Подобро ужасен крај, отколку ужас без крај”, Даме Груев е запишан во македонската историја, како еден од најголемите македонски револуционери и најистакнати членови на Македонската револуционерна организација, беше кажано во говорот пред присутните.

На настанот почит кон револуионерот Груев оддадоа, општинска делегација, претставници на институции здруженија на граѓани и други.

Големиот македонски револуционер Даме Груев, загинува на 23 декември 1906 година, во борба кај месноста Петлец, близу с. Русиново

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*