ЈЛБ ,,Илинден” ги сумираше резултатите за 2023 година

Во годината што изминува, ЈЛБ „Илинден“-Делчево, се трудеше на своите полици да ги има сите наслови кои беа нови, актуелни, интересни и пред се барани од читателите. Купивме се што беше најново, атрактивно и што привлече внимание на секаде па кај нас. Ја збогативме и детската литература. Годината ќе ја завршиме со 880 членови. ЈЛБ „Илинден“ оваа година потрошила 229.397,оо денари за книги.

Завршно со 15 декември 2023 г.библиотеката во COBISS системот има внесено 41.702 наслови.Вкупно 1500 книги купила библиотеката во 2023 г. од кои 90 се детска литература.

И оваа година библиотеката имаше голем број на активности, вкупно 63. Се одбележаа сите значајни настани кои традиционално библиотеката ги одбележува, но и поголем број на настани кои се организираа за прв и во библиотеката и воопшто во градот.
Низ библиотеката во годината што изминува, поминале околу 400 ученици учествувајки во разни активности.

Она што беше наше мото во годината што изминува, важи и за новите 365 дена пред нас.„Не можеш да изнајмиш среќа со пари, но можеш да изнајмиш книга од ЈЛБ „Илинден“ -Делчево, а тоа е приближно исто“, се вели во објавата на ЈЛБ ,,Илинден” Делчево.


Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*