ЈЛБ ,,Илинден” ги додели наградите за најдобрите оратори

Заврши ораторската средба, која беше во организација на ЈЛБ„Илинден“, а во соработка со СОУ„М.М.Брицо“.На ораторската средба која беше на тема„Празници се ближат“ се пријавија 11 средношколци.
Да се биде оратор не е лесно.Тоа е и дар од Бога и време поминато во вежбање. Тешка задача која е навистина голем предизвик.Од тие причини сите сите средношколци кои се пријавија да учествувате, и тоа во време пред празници и пред полугодие кога и школските обврски не смеат да се занемарат, секоја чест.Браво за сите нив!

Некогаш се користела целата образованост, остроумност, интелигенција, за да се создаде говор кој ќе ја покрене масата. Денес, за жал, на социјалните мрежи може да се постигне популарност и со недолични фотографии и некултурно изразување. За современата комуникација на интернет, не е неопходно добро да се познава граматиката, ни да се има којзнае каков речник, да се биде јазичен и говорен лексикон. Во ваков свет на комуникација, младите не се многу заинтересирани да станат говорници. Уметноста да се зборува добро или мајсторството на јавниот говор – ораторството, сѐ повеќе е маргинализирано.
Со цел младите да се поттикнат храбро, јавно, културно, елоквентно да зборуваат за актуелните теми, ЈЛБ„Илинден“ -Делчевo сака да ја негува традицијата за ораторството.

Ораторството не е само вештина, туку и уметност и за јавниот настап потребна е голема подготовка, храброст, но и желба и волја да се направи тоа. Во последно време сведоци сме дека младите луѓе се летаргични и незаинтересирани, тоа го вклучува, за жал, и ораторството и го става во една позиција на подзаборавеност. За среќа, постојат институции, факултети, училшта и библиотеки,кои се трудат да ја негуваат оваа уметност.

Ораторството треба да се негува во сите степени на образование. Но, за добро да се говори, мора и да се чита.
Да не шепотите, туку јавно и гласно да зборувате за се!
На ораторската средба учествуваа:
-Стефанија Тодоровска
-Анастасија Ѓеорѓиевска
-Нела Јовановска
-Милена Ангелова
-Искра Георгиевска
-Аwа Димитровска
-Даме Ивановски
-Ана Мавродиева
-Сара Ангелова
-Ана Ангеловска
-Андреа Димитровска
Членови на Комисијата за избор беа: Лидија Дамјанова-професор по македонски јазик при СОУ„М.М.Брицо“, Билјана Стоиловска, наставник по македонски јазик во ООУ„Ванчо Прке“ и Весна Ивановска-наставник по мнакедонски јазик во ООУ„Св.Климент Охридски„

Сите учесници добија благодарница и подарок книга од библиотеката а Комисија за избор за најдобри ги избра:
Трето место- Милена Ангелова
Второ место-Андреа Димитровска
Прво место-Искра Георгиевска
Честитки до сите, се надеваме дека ораторската средба ќе прерасне во традиција.

Наградените оратори од нашата сограѓанка Катерина Антовска,која моментално живее и работи во Скопје, а од секогаш ги поддржувала и била на страната на нашите ученици, добија подарок.Нека ова биде и поттик до сите други поединци и институции, без разлика кој и каков настан се организира со нашите ученици, да ги поддржат, не е до подароко, туку до вниманието, кое ќе им значи.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*