Доделени сертификатите од натпреварот Best in English

Учениците учесници на престижниот натпревар по знаење на англискиот јазик организиран од страна на BEST IN ENGLISH, беше спроведен од страна на СОУ Методи Митевски – Делчево на 16-ти ноември, 2023.  

Денес,  директорката на училиштето Дијана Цонева им ги додели сертификатите за учество на учениците процесирани од BEST IN ENGLISH и го помина класниот час со нив  охрабрувајќи ги учениците да продолжат понатаму со учењето и натпреварувачкиот дух. “Ни претставува големо задоволство што завршуваме календарска година со вакви активности. Споделувањето на искуствата и признавање на трудот на учениците  е поголемо од напорите за влез за учество и организирање на  натпревар од ваков ранг особено кога имаме ученици со висок потенцијал.“

„Секоја година се зголемува нивото на конкуренција а и прагот на проодноста. Нашите ученици секоја година покажуваат одлични резултати како и оваа, земајќи во предвид дека организаторот  ја зголеми и возрасната граница  од 15-20 годишна возраст. Имаме ученици кои со својот индивидуален успех се пред 20 000 илјади натпреварувачи. Стекнатиот документ е валиден како доказ за познавање на англискиот јазик пред доста меѓународни организации.“ – изјави локалниот координатор проф. Желеанка Демирова

Best in English е акредитиран од Министерство за Образование на Чешка за организирање меѓународни натпревари а автори на тестовите кои се на Ц1 ниво се универзитетски професори по современ англиски јазик и лингвистика од светски реноминари универзитети.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*