Започна Новогодишниот базар, празнична програма викендот во Градскиот парк во Делчево

Во Делчево започна Новогодишниот базар сместен во градскиот парк во кој локални стопанственици започнаа со вршење трговска дејност.

Делчевчани и посетителите од страна за време на празниците од посебно поставените куќички за таа намена, ќе можат да купат од домашно произведени производи на трговците како домашни сокови, кондиторски производи, греано вино, разни украси, плетени работи и др.

-Кај мене може да купите чај, несквик, лижавчиња и друго. Овде имам и  некои украси кои ќе ги подаруваме со несквикот, а ги продавам и овие кукли кои ги соши мојата баба. На сите дечиња кои ќе дојдат овде Новата година ќе им ја честитам со новогодишна честитка, вели малата Јова Десподов на која и помага нејзината мајка.

И годинава со производи од сопствената винарија се претставува и производител од делчевското село Драмче.

-Традицијата продолжува и годинава, минатата година имаше 4, сега се 6 куќички. Овде лично ќе можат да вкусат бело и црвено вино Кадарка, Розе и други видови кои ги произведувам и секако греано вино. Ги покануваме сите граѓани да дојдат и да ја збогатат празничната атмосфера, вели Кирчо Јанковски од с.Драмче.

За посетителите одлична е идејата празниците да бидат збогатени со вакви проекти, кои според нив треба да ги има почесто.

-Фантастично, треба вакви проекти почесто да се случуваат, вели делчевецот Емил Десподов.

Од Општината ги поканија граѓаните на Делчево преку заедничка дружба и забава да ја збогатат предновогодишната еуфорија во градот.

-Во рамки на новогодишната програма организирана од страна на Општина Делчево во градскиот парк веќе како што видовт започна новогодишниот базар, во кој локални стопанственици  вршат трговска дејност. Забавната програма во која неколку диџеји и бендови ќе се погрижат во позитивна атмосфера и добро расположение да ја дочекеме новата 2024 година ќе се одржи на 28, 29 и 30 декември. Ве очекуваме!,се вели во поканата од Општина Делчево.

За убава новогодишната атмосфера во Градскиот парк во Делчево поставено е новогодишното украсување, кое годинава е збогатено со зголемен број содржини на радост на најмалите.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*