Видео: Прекрасна изведба на делчевските играорци во рамки на Новогодишниот концерт на НУ Центар за култура ,,Н.Ј.Вапцаров”

Националната установа Центар за култура ,,Никола Јонков – Вапцаров” од Делчево го одржа завршниот Новогодишен концерт на кој со свои кореографии се претставија околу 200 играорци од Фолклорната група ,,Вапцаров” и Пејачката група ,,Ѓурѓа”. 

Пред преполната сала во деветолетката ,,Ванчо Прке” присутните имаа можност да видат фолклорни изведби карактеристични за Пијанец, како и нови кореографии, кои за оваа прилика ги подготви Кристијан Трајановски, соработник за фолклор и сценско уметничка дејност при делчевскиот центар за култура.

Директорот на установата Љупчо Петровски по завршувањето на концертот изрази огромно задоволство од она што го прикаажаа играорците од Делчево.

-Како што видовте прекрасна вечер, прекрасна изведба со голем број на публика, значи Делчево е живо, Делчево живее. Покажавме дека како фолклорна група при Центарот за култура сме најдобри не само во Делчево, туку и во Македонија. Над 200 дечиња покажаа вечерва што знаат и умеат, истакна директорот на НУЦК ,,Н.Ј.Вапцаров”, Љупчо Петровски.

Според програмскоот директор Методи Толевски учесниците на концертот уште еднаш покажаа дека се културен бисер на Делчево.

-Како установа во 2024 гпдина ќе имаме повеќе настапи во Романија, Србија, Турција. Значи ќе настапиме на повеќе реноморани фестивали каде не се сомневам дека добро ќе се претставиме, бидејки како што кажав овие наши играорци се бисер на Делчево, рече Толевски.

Стручниот соработник за фолклор и сценско-уметничка дејност Кристијан Трајановски упати честитки до публиката за масовното присуство, најавувајки дека во Новата година ќе следуваат уште повеќе нови кореографии на радост на самите нив.

Од установата се заблагодарија за целокупната поддршка која во 2023 година ја имаа од Министерството за култура, најавувајки дека согласно планираните проекти за наредната година граѓаните можатда очекуваат уште многу културни настани во 2024 година.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*