Младите од Пијанец и Малеш едногласни во своите барања за отворање младински центри

Во изминатиот период на територијата на ЛАГ Малеш –Пијанец беа организирани фокус групи, со средношколци од општините Берово и Делчево.

Иако од различни општини едногласни за своите потреби, бараат отварање на младински центри каде што ќе можат корисно да го поминуваат своето слободно време, да се дружат, да се едуцираат на најразлични теми, место каде што ќе можат да ја развиваат својата креативност и да предлагаат и реализираат најразлични иницијативи за активности за млади во нивниот град.

Овие активности се дел од проектот Програма за развој на заедницата, финансиран од USAID North MacedoniaАгенцијата на САД за меѓународен развој, а имплементиран од страна на Rural Development Network of North Macedonia Мрежата за рурален развој на Северна Македонија во соработка со ЛАГ Малеш-Пијанец / LAG Malesh- Pijanec.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*