Јубилеј – 10 години ПСК ,,Голак” Делчево


По повод 10 години постоење на клубот денес Планинарски спортски клуб ,,Голак” ја заврши планинарската патека од село ТРАБОТИВИШТЕ до месноста СВ.ВОДИ на планината СРЕДНА (Општина ДЕЛЧЕВО – Област ПИЈАНЕЦ (ДЕЛЧЕВСКА).

-Со оваа ЈУБИЛЕЈНА ПАТЕКА Делчево на располагање има уште еден планинарско-туристички производ, кој е ставен на располагање на сите планинари,вљубеници во природата,печуркари,велосипедисти………
Проектот беше направен и поднесен од ПСК ГОЛАК Делчево,додека финасиски подржан од општина ДЕЛЧЕВО, информираше Претседателот Љупчо Чучуковски.

Патеката е комплетно уредена по Законот за планинарски патеки,односно беше маркирана по КЊЕФЕЛЦОВА и ЛЕНТОВА МАРКАЦИЈА,како и поставени патокази и инфо-табла.

ГОЛЕМА БЛАГОДАРНОСТ до нашите членови ДАВИД ЗЛАТКОВСКИ,МАРТИН КРСТОВСКИ,САШКО СТОЈКОВСКИ,ЉУПЧО ЧУЧУКОВСКИ кои учествуваа во поставување и обележување на патеката како и на МИЛЕ ВЕЛКОВ-ФАНТОМО кој помогна во поставувањето на ИНФО-ТАБЛАТА во село ТРАБОТИВИШТЕ како и на останатите луѓе од село ТРАБОТИВИШТЕ,кои беа со нас.
СВ.ВОДИ,се месност каде се наоѓат 3 свети води СВ.БОГОРОДИЦА,СВ.ПЕТКА,СВ НЕДЕЛА кои имаат исцелителна моќ.

Научната фела,кажува дека тука се наоѓа некогашниот РАВЕН ГРАД каде браќата СВ.КИРИЛ И МЕТОДИЈ ја напишале ГЛАГОЛИЦАТА, истакна Чучуковски по повод денешната активност.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*