Дедо Мраз подели 1000 новогодишни пакетчиња во Градскиот Парк во Делчево

Ништо не е повредно од детската насмевка и среќа, а денес причина за тоа беа новогодишните пакетчиња и Дедо Мраз.

Новата година носи нов почеток, нова надеж и најголема радост на децата. Во пресрет на новогодишните празници денес беа доделени 1000 новогодишни пакетчиња на децата од детската градинка „Весели цветови“, пониските одделенија од двете деветолетки, како и децата од Дневниот центар.

-Ја користам оваа прилика да се заблагодарам на сите претставници од бизнис – заедницата кои дадоа поддршка да обезбедиме пакетчињата и помогнаа да се организира предновогодишната забавна програма во градскиот парк во Делчево, со цел да ги разубавиме празниците на сите граѓани во Делчево, истакна градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски.

Свој настап на новогодишната програма на летната сцена имаа дечињата од градинката „Весели цветови“, ученици од основните училишта ООУ „Ванчо Прке“ и ООУ „Св. Климент Охридски“ како и КУД „Гоце Делчев“ и НУЦК „Н.Ј.Вапцаров“.

Забавната програма продолжи со настап на DJ Aladagly и DJ Antovski, како и Troya band.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*