Грепката од ,,Тобако Центар” Делчево и донесе Hyundai Bayon на Сања од Пробиштип

При прошетка низ Делчево, Сања Симоновска од Пробиштип купила два инстант лоза „Фрути“ и само еден лоз „7 х 7“ од продажното место „Телхо Дел“ познато кои ги изгребала дома заедно со нејзината мајка и ќерка си. Кога ги забележале трите симболи на Hyundai Bayon, најпрво следеле „шок и неверување“, потоа на радоста ѝ немало крај.

Еве ја целата приказна која ја објави и Лотарија на Македонија.

ИНСТАНТ ЛОЗ „7 х 7“ ДОНЕСЕ HYUNDAI BAYON КАКО РОДЕНДЕНСКИ ПОДАРОК ЗА САЊА ОД ПРОБИШТИП

Државна лотарија ја привршува 2023 година како што и ја започна − бериќетно, со многу среќни приказни и насмеани добитници, со радост, возбуда и пријатни изненадувања.
Сања Симоновска од Пробиштип, среќата ја чекала во Делчево. Таа си доби роденденски, а воедно и новогодишен подарок, една од главните премии на инстант лозот 7х7, автомобил Hyundai Bayon. На 21 декември, на денот на нејзиниот роденден, се сретнавме со среќната добитничка пред салонот на „Гранд Ауто“ во Скопје, каде што Марјана ги предаде клучевите од автомобилот, а Сања ни раскажа колку е среќна за добивката.

Имено, при прошетка низ Делчево, Сања купила два инстант лоза „Фрути“ и само еден лоз „7 х 7“ од продажното место „Телхо Дел“ кои ги изгребала дома заедно со нејзината мајка и ќерка си. Кога ги забележале трите симболи на Hyundai Bayon, најпрво следеле „шок и неверување“, потоа на радоста ѝ немало крај. Како што ни кажа среќната добитничка, поубав роденденски подарок не можела ни да сонува.

Го завршивме разговорот со порака до играчите, да бидат упорни и истрајни во потрагата по среќата, затоа што среќата е насекаде.

Со желби за среќни празници ја испративме Сања со новото возило во Пробиштип.
Дозволете да Ве потсетиме, во најубавиот период од годината подарете на Вашите сакани инстант лозови, подарете можност за СРЕЌА ПЛУС, се вели во објавата.

Честитки до Сања и пробајте ја и вие вашата среќа во ова продажно место. Никогаш не знаете што може да добиете.

https://fb.watch/pjFjNea57t/?mibextid=Nif5oz

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*