Дефиле на најмалите во рамки на првата активност на ЈЛБ ,,Илинден” за 2024 година

Денес 10 дечиња беа гости на ЈЛБ ,,Илинден” во рамки на дефилето на подготвената книжна писта, претставувајки сликовници кои можете да се изнајмат од библиотеката. Како што информираше директорката Биљана Петровска ова е првата активност на библиотеката во 2024 година.

-Новата година ја започнавме со нашите најмали и најмили, не постои поубав начин за старт на активностите на библиотеката. Благодарност до сите дечиња и до нивните мајки, што беа дел од оваа активност, рече Петровска давајки опис за учеството на десетте дечиња.

●Андреа ви ја претставува „Приказна за дедо Мраз“
●Теон сака да ја прочитате „Пинокио“
●Ева ви ја претставува „Принцезата на трошка од кифла“
●Бојан ви ја претставува „Приказни за добра ноќ“
●Ванеса сака да ја прочитате„101 приказна за животните“
●Дамјан ви ја претставува„Вонземјанинот Оли“
●Миа пак сака да ја прочитате„Во светот на бајките“
●Јован ви ја претставува„Најубавите светски бајки“
●Кирјана ви ја претставува„Волшебната шума“
●Слободанчо сака да ја прочитате„Палавкото кравче Каролина“

Сликовницата е најчесто првата книга со која се среќава секое детенце. Учењето нови зборови, збогатувањето на вокабуларот, разбирањето на прочитаното, запознавањето со јазикот, подобрите комуникациски вештини, поголемата самодоверба, се само некои од предностите што ги носи читањето на сликовниците.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*