Над 150 дечиња учесници на Бадниковата поворка во Делчево

Свештенството на храмот „Успение на Пресвета Богородица“ од Делчево со црковна литургија со која чиноначалствуваше епископот делчевско-каменички Марко, го одбележа еден од најголемите христијански празници – Бадник, денот пред Христовото раѓање – Божиќ. По литургијата се одржа и традиционалната Бадникова поворка на која учествуваа над 200 дечиња.

Поворката започна од дворот на самата црква, а потоа учесниците пеејки ја Божиќната песна „Вечниот Бог“, дефилираа низ улиците во Делчево, поминаа покрај параклисот Св.Климент Охридски, по што повторно се вратија назад кон црквата.

По враќањето во Светиот храм на учесниците и сите присутни дечиња им беа поделени коледарски пакетчиња како и божиќни подароци.

Од свештенството ги шоканија верниците на утрешната Божиќна литургија со која ќе биде најавено Христовото раѓање – Божик. 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*