Божиќна литија во Берово

Во Берово одржана Божиќна литија на која голем број дечиња по беровските улици ја пееја ,,Вечниот Бог” најавувајќи го  Христовото раѓање Божик.

Организатор на настанот беше свештенството при црквата ,,Рождество на Пресвета Богородица” кои за учесниците обезбедија пригодни божиќни подароци, а учесниците добија и маички од Зегин.

Учесниците на ,,Бадниковата поворка 2024 ” со радост и песна го најави Христовово раѓање пеејки ја Вечниот Бог низ улиците на Берово. 

За утре во црквата ,,Рождество на Пресвета Богородица” во Берово е најавена црковна литургија по повод Христовото раѓање – Божик.

Божиќна забава со многу подароци утре ќе се одржи во беровското село Русиново.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*