Итната медицинска помош во М.Каменица ги доби клучевите од новото возило кое го донираше Општината

Со задоволство ја споделувам веста за најновата инвестиција на локалната самоуправа за подобрување на ресурсите и капацитетите на Здравствената станица во нашиот град – дониравме современо и технички опремено модерно возило за потребите на Итната медицинска помош во Македонска Каменица.

Верувам дека новото возило, кое денеска го прими директорот на ЗД “Гоце Делчев” – Делчево, Зоран Ѓорѓиевски значително ќе ги подобри можностите за реагирање и ќе осигура побрз пристап до квалитетна медицинска помош за граѓаните на Македонска Каменица.

Со напредната технологија и комплетната медицинска опрема, новото возило од типот Фиат Дукато, е подготвено за ефикасно и прецизно дејствување во секоја ситуација при укажување на итна медицинска помош и при транспорт на пацинети кон поголемите Клинички болници во државата. Исто така, го цениме напорот и на нашиот медицински тим, кој е обучен и подготвен да се справи со најразлични и предизвикувачки состојби, согласно потребите на сите наши граѓани.

Ова е само еден сегмент од широкиот ангажман на активности насочени кон подобрување на здравствената заштита во нашата заедница. Денешната донација на возилото за потребите на Итната медицинска помош во Македонска Каменица, претставува уште еден доказ за нашата ангажираност кон подобрување на безбедноста, грижата за здравјето и за добробитта на сите наши граѓани.
Реализацијата на овој значаен проект, во висина од 2.435.095,оо денари, претставува само почеток на повеќе наши планирани инвестиции за забрзан напредок и развој во областа на здравствената нега и заштита во нашата Општина.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*