Парична награда за Теодор Димитровски од с.Стамер, првородено бебе во Делчево за 2024 година

Првороденото новороденче во 2024 г. во Општина Делчево е малиот Теодор кој денеска  го доби традиционалниот подарок од Општина Делчево, еднократен паричен износ од 10.000 ден. Теодор е роден на 2 јануари во Штипската болница и е второ дете во семејството на Бошко и Јорданка Димитровски од Стамер.

Традиционално и оваа година, градоначалникот Горан Трајковски го предаде подарокот на родителите.

– Ми претставува посебно задоволство што денеска го посетивме домот на првото новородено во Делчево за 2024 г. На првиот жител во 2024 , малиот Теодор, испраќаме желби, за среќно и безгрижно детство и да донесе многу радост и гордост на семејството, но и на општината. Делчево се радува на секое новороденче, бидејќи добива нов жител, но првороденото во годината, е симбол на среќата и надежта и тоа е предвесник на новата генерација дечиња кои ќе се родат во оваа 2024 год. Ја користам оваа прилика да им ја честитам радоста на родителите и да има посакам многу љубов и многу дечиња да им го развеселуваат домот, истакна Трајковски.

Општина Делчево дарува 10.000 денари на првороденото новороденче во годината чии родители живеат во Делчево. Исто така, како една од социјалните мерки која значи поддршка на родителите кои добиле новороденче, Општина Делчево исплаќа по 3 илјади денари еднократна парична помош. Минатата година по оваа основа се исплатени 196 илјади денари.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*