Парична награда од 15.000 денари за првороденото бебе во Берово

Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски денес ја додели паричната награда од 15.000 денари за првороденото бебе во  Општина Берово во Новата 2024 година.

Првороденото дете во Општина Берово, во 2024 година, е машко и е трето дете во семејството на Емилија и Глигор Сачкарски. 

-Денеска, во мојот кабинет, остварив средба со среќниот татко, каде што му беше доделено решение за финансиска поддршка , во износ од 15.000,00 денари, за   првородено дете во 2024 година, запишано со адреса на живеење во Општина Берово. Лазар е роден со тежина од 4,2кг и должина  , роден е на  Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство во  Скопје,  на  7 јануари,  првиот ден од Божиќ, што навестува плодна и берикетна година за Берово, рече Пекевски.

Изрази надеж малиот Лазар  да има среќно и безгрижно детство и да носи могу радост во семејството Сачкарски.

Покрај 15.000 денари за првородено дете, на семејството Сачкарски, исто така ќе им бидат исплатени и 7.000 денари за новородено дете.

Средствата се доделуваат од Буџетот на Општина Берово согласно програмата за социјална заштита за 2024 година.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*