Прва официјална средба на епископ Марко и градоначалникот на М.Каменица, Димчо Атанасовски

Денес, Неговото Преосвештенство епископот Делчевско-каменички г. Марко и претставници на свештенството од епархијата, остварија прва официјална средба со градоначалникот на општина Македонска Каменица г. Димчо Атанасовски.

Оваа прва посета како што се вели во објавата на епархијата се одвиваше во една конструктивна атмосфера.

-Се разговараше за повеќе идеи, кои се надеваме ќе се остварат во блиска иднина. Атанасовски и епископот Марко, разговараа за понатамошна успешна соработка помеѓу општината и епархијата, еден таков успешен проект е воведување на предметот веронаука во училиштата.

-Се изнесе предлог, да се формира детски црковен хор. Исто така, се констатира дека црковната камбанарија треба да се збогати со уште неколку помали црковни ѕвона, со што би се збогатила велелепноста на храмот. Посетата беше успешна и се надеваме дека во блиска иднина дадените предлози и сугестии ќе вродат со плод, се вели во објавата на Делчевско-каменичката епархија.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*