Родени на денешен ден – Миле Ѓорѓијоски

Роден е на 10 јануари 1957 година во Кичево, Миле Ѓорѓијоски зад себе како творештво има повеќе книги со афоризми како „Пет до дванаесет“, „Откоси“, „Нешто друго“, „Строго недоверливо“, „Низ иглени уши“, „Никој не сака да биде плашило“ и други. Потписник е на збирката сатирични приказни „Тоа е тоа“, комедиите „РингИшил“, „Повеќепартиска кафеана“, „Некоректен мртовец“, „Нешто мрда“, „Трета светска војна“…детската драма „Ах, тие бројки“…и основач е, раководител, драматург и режисер во Експериментално театарче во Делчево кадешто живее и работи.

Преведуван е на повеќе јазици, член е на Друштвото на писатели на Србија, Белградскиот афористичарски клуб, Куќа на култура „Наџи Лиман“ во Либан, Здружението на новинари на Македонија и многупати наградуван во земјава и во странство. Покрај споменатите награди, двапати бил добитник на Златна чивија за афоризам во 2013 и 2018 година, Хумореска на годината од белградскиот Јежев хумор, потем по неколку пати златна, сребрена и бронзена плакета за еротски афоризми и други признанија.

Конечно, тој учествувал и во подготовките на повеќе книги и изданија како „Делчевски насмевки“, „Струмичка афоризница“, „Време е за тројка“, „Во сатирата е вистината“, „Балканска трансферзала“, „Будење на петелот (илустрирани еротски афоризми)“ …

За Ѓорѓијоски има уште многу да се каже, а последното е што од изминатата година е назначен на уметнички директор на фестивалот ,,Јаков од Камена Река”.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*