Се довршува фрескописот во црквата Св.Јован Крстител во с.Ѕвегор

Со благослов на Неговото Преосвештенство епископот Делчевско – каменички г. Марко, започна да се фрескоживописува храмот во с. Ѕвегор кој е посветен на ,,Св. Јован Крстител”. За прв пат во еден храм во Македонија се применува една нова техника, на специфичен начин големи платна претходно дигитално изработени директно се лепат на ѕидовите.

Завршната изработка како што информираат мајсторите ангажирани за самата изработка ќе трае до пролетта 2024 година, кога според фирмата изведувач се очекува внатрешноста на црквата ,,Св.Јован” во селото Ѕвегор да биде довршена.

-Ние сме екипа од Бугарија која се занимава со производство на црковен мебел и зографство на храмови. Фреските ги изработуваме со технологија со широкоформатни принтери. Се зема прво размер на храмот и потоа останатото се прави по компјутерски дизајн. Потоа се врши печатење и започнува положувањето на тапетите на ѕидовите, откако претходно е земена мерка, истакнаа од фирмата изведувач.

Ова е нивна прва црква во Македонија на која поставуваат фрески со оваа дигитална вештина.

-Во Македонија ни е прва црква на која работиме, имаме работено на една црква во Србија и десетина во Бугарија. На Балканот оваа техника се појавува од пред десетина години, но овде е ретка. Очекуваме некаде за месец ипол да завршиме овде и потоа да видите каков е финалниот изглед, додаваат мајсторите.

Доуредувањето на фрескописот во село Ѕвегор е на иницијатива на Делчо Гошев од с.Ѕвегор, а цртањето на фрескописот се реализира со поддршка на црковниот одбор и иселениците од ова село од повеќе земји во Европа и светот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*