Ослободете се бесплатно од електричната и електронската опрема

Општина Делчево во партнерство со НУЛА ОТПАД и ЈКП „Брегалница“ организираат еколошки проект за собирање отпадна електрична и електронска опрема од домаќинствата.

За таа цел се известуваат граѓаните дека доколку имаат расипани електронски и електрични уреди од домот или компанијата да се јават на ЕКО ЛИНИЈАТА 070 236 000 најдоцна до 15 јануари 2024 година и на договорен ден, НУЛА ОТПАД бесплатно ќе го преземе отпадот од прагот на Вашиот дом или компанија.

Во отпад од електрична и електронска опрема спаѓа:

Ø Големи домашни апарати (фрижидер, шпорет, машина за перење, клима уред и др.)

Ø Мали домашни апарати (пегла, правосмукалка, тостер, фен и др.)

Ø Компјутерска опрема (компјутер, печаташ, фиксен и мобилен телефон и др.)

Ø Електронска опрема (радио, телевизор, камера, видеорекордер, музички системи и др.)

Ø Електрични и електронски апарати (бушилици, пили,машина за шиење и др.)

Ø Електронски играчки и опрема (видеоигри,справи за вежбање, играчки на батерии и др.)

Ø Се преземаат и отпадни батерии и акумулатори

За секој предаден апарат се добиваат соодветни ваучери од ТЕХНОМАРКЕТ И МЕРКУР. Вредноста на ваучерот за мали апарати е 100 ден., а за голем уред 400 ден.!!

Заедно да ја заштитиме животната средина од опасниот отпад!

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*