Во Пехчево почнаа подготовки за празникот Богојавление – Водици

Општина Пехчево во соработка со свештениците од црквата „Св. Петар и Павле“ и ЈКП Комуналец и оваа година традиционално организира празнување на големиот христијански празник Богојавление Водици.

Водици 2024

Течат последните подготовки за прослава на големиот христијански празник Богојавление – Водици. Организаторите со голема посветеност работат на дефинирање на деталите за целокупната манифестација што ќе се случува на 19 јануари во Пехчево.

Од општината информираат дека верниците ќе имаат можност да присуствуваат на осветувањето на водата во реката Писа и ги покануваат да бидат дел од прославата.

– По повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, црквата „Св. Петар и Павле“ ќе одржи света божествена литургија. Литургијата ќе започне во 8 часот, додека чинот на фрлањето на светиот крст во водата на реката Писа е најавено за во 10 часот во центарот на Пехчево. Сите учесници кои ќе скокаат во водата по светиот крст треба да извршат медицински преглед кај својот матичен лекар.

– Како што е и традицијата, оној кој ќе биде најсреќен и ќе го фати крстот во реката Писа, за него се предвидени прикладни награди, а за многубројните посетители на оваа манифестација, која од година во година станува се помасовна, локалната самоуправа и оваа година обезбеди бесплатни топли пијалоци (ракија и вино) за сите присутни.

Задолжително за сите учесници кои ќе скокаат во водата по светиот крст треба да извршат медицински преглед кај својот матичен лекар. Со издадената потврда од матичениот лекар задолжително треба да се пријават кај питроп Јованчо Станоевски 077/943-301 најдоцна до 18.01.2024 до 17часот во храмот Св. Петар и Павле.

Водици или Богојавление е денот на кој според христијанското предание Јован Крстител го крстел Исус Христос во реката Јордан. Крштевањето значи и духовно раѓање, односно почеток на човековото живеење во верата, а кумот се смета за духовен родител на крстениот и најблизок роднина.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*