Здружението ,,Македонско-турско пријателство и соработка” го подновија КК ,,Клубски Патриот” со нови дресови

Здружението ,,Македонско – Турско пријателство и соработка” од Делчево- претседател Ѓорѓи Џабирски, заедно со Здружението ,,Турско – Македонско пријателство и соработка”од Измир-претседател Шабан Јапрак, под покровителство на г-дин Мурат Енгин обезбедија донација од дресови за Делчевските шампионки на ,,КК Патриот 2016” Делчево.

Одличната тригодишна соработка на овие две здруженија резултира со оваа втора донација за нашите шампионки во кошарка.
Изразуваме голема благодарност за донацијата која секако ќе ја оправдаме со наши понатамошни големи успеси во македонската женска кошарка.

Им посакуваме многу успеси понатаму.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*