,,Колку децата ги познаваат дивите и домашните животни” – Работилница во ЈЛБ ,,Илинден” Делчево

„Дали кравата е шумско, а волкот домашно животно“ беше темата на денешната работилница која ЈЛБ „Илинден“-Делчево ја реализираше со дечиња на возраст до 10 години.

-Големо благодарам до сите дечиња кои и покрај тоа што се на зимски распуст, денес беа во библиотеката и беа дел од работилницата, истакна директорката Петровска.

На работилницата, децата најпрво имаа за задача да нацртаат и обојат домашно или шумско животно, потоа сите цртежи со животни беа поделени на домашни и шумски и истите беа изложени во читалната на библиотеката.

-На импровизирана „штала“ децата исто така ставија слики од домашни и шумски животни, разговарајки за тоа каде живеат шумските животни и што добиваме од домашните животни. Се читаа сликовници и детска литература посветена на животните.
Беше убаво, креативно,мотивирано и забавно, а сето тоа надополнето со шаренило, насмевки и детски џагор, додаде директорката Петровска.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*