Втора работилница во ЈЛБ ,,Илинден” – „Поле, трева, стогови, растат сочни плодови“

Плодовите се вели, се јадат кога се зрели.
Важно е да се миени, со нешто чисто покриени. Еднаш да каснеш, голем да раснеш.

Со овие стихови започна денешната работилница на тема „Поле, трева, стогови, растат сочни плодови“ во организација на ЈЛБ„Илинден“-Делчево.Дечињата кои беа дел од оваа работилница имаа за цел да обојат слики со зеленчук и овошје.Истите потоа ги поделивме и изложивме во читалната на библиотеката.
Зборувавме за тоа колку е важно да се јаде зеленчук и овошје и кое плодови спаѓаат во зеленчук , а кои во овошје.
На крајот заклучивме дека зеленчук и овошје треба да се сади,за да растат побрзо со водичка се вади.
Благодарност до сите дечиња кои денес и покрај тоа што се на зимски распуст, сепак најдоа слободно време и беа во библиотеката.Се надеваме дека убаво се забавуваа.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*