Положувањето на чесниот крст во р.Брегалница во Делчево за Водици закажано за 10:30 часот

Во Делчево привршуваат подготовките за чествувањето на православниот христијански празник Св. Богојавление-Водици. Почитувајќи ја традицијата, петок, 19 јануари, празнувањето ќе започне во градската црква „Успение на пресвета Богородица” со света литургија во чест на празникот која ќе започне во 8.00ч., а со која ќе чиноначалствува Неговото преосвештенство епископот г-ин Марко.

Светата литија ќе започне во 10.00 часот од градската црква во Делчево до мостот на реката Брегалница, каде ќе биде донесен светиот крст, по што во 10.30ч. ќе се одржи церемонијата за осветување на водите на река Брегалница. Согласно со информацијата од делчевската црква, досега се пријавени 30-момчиња кои ќе се фрлат во водите на река Брегалница по светиот крст.

Инаку, по традиција, по чинот на осветување на водите, светиот крст ќе биде положен пред иконостасот во градската црква „Успение на пресвета Богородица” во Делчево.

Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, на среќниот пронаоѓач на крстот во водите на река Брегалница ќе му додели ваучер во износ од 10. 000 денари, а од Црквата во Делчево ќе биде доделена света икона, библија и крст. Годинава, општествено одговорната фирма „Зегин“, ќе додели ваучер во висина од 14.000 ден. од „Техномаркет“, а сите кои ќе се фрлаат по светиот крст ќе добијат маици од комапнијата.

По повод празникот, во градскиот парк ќе биде организирана прослава од локални угостители.  

Минатата година најсреќен да го извади крстот од водите на р.Брегалница беше младиот Дејвид Велковски.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*