Виктор Андреевски прв до чесниот крст во Пехчево

Виктор Андреевски беше најбрзиот и најсреќниот кој успеа да го фати осветениот крст во осветените води во Пехчево.

По повод празникот Богојавлени Водици на традиционалното положување на чесниот крст му претходеше света божествена литургија во храмот Св.Петар и Павле.

Најсреќниот доби награди што ги доделуват општина Пехчево компанијата Зегин на чело со Благој Механџиски, директорот на Трансфузиологија и фирмата Агро-Ждрапански.  

Градоначалникот на општина Пехчево г-дин Александар Китански, лично му го честиташе успехот, но и празникот на сите граѓани на Пехчево.

-Од свое лично име и од името на општинската администрација, му посакувам добро здравје многу љубов, почитување и успешна година на сите полиња, рече Китански.

И оваа година на чинот на положување на светиот крст во водите на река Писа учествуваа 20-тина млади пехчевци. вс/

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*