Ефтим Руменовски го фати чесниот крст за Водици во Берово

Ефтим Руменовски, е најсреќниот, помеѓу дваесетмината учесници, кој го фати светиот крст во водите на реката Брегалница во Берово. Денешното чествување на големиот христијански празник, Богојавление- ВОДИЦИ и чинот на осветување на водите го водеа свештениците од црквата во Берово, а од Буџетот на Општина Берово, за среќниот учесник, кој го фати крстот, обезбеден е вредносен ваучер од 10.000 денари. 

Прв на сречниот фаќач на крстот му честиташе градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски.

-Посакав многу среќа и успех на најсреќниот, да го прати здравје, среќа и успех следната година. Честитки за сите, кои земаа учество при положувањето на светиот крст, во водите на Брегалница, рече Пекевски.

Освен од Општината награди за најсреќниот беа обезбедени и од повеќе приватни компании, како и компанијата ЗЕГИН која традиционално доделува награди за овој празник.

Празникот Водици (Богојавление), народот го празнува како еден од најголемите христијански празници, зашто на тој ден, Исус Христос е крстен од Свети Јован Крстител во реката Јордан. Со тоа, на овој празник му се дава значење на крштевањето како една од повеќето свети тајни на христијанството, истакнаа од беровското свештенство.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*